Вести Свет

Руските пратеници бараат од Путин да ги признае сепаратистичките области во Украина

Руски пратеници апелираа до Думата да побара од претседателот Владимир Путин да ги признае проруските сепаратистички области во источна Украина како независни држави, додека Украина и Западот стравуваат од руска инвазија на Украина. Поради акумулацијата на војници долж границата со Украина, многумина стравуваат од можен руски напад. Русија го анектира Крим во 2014 година и ги поддржува проруските сепаратисти во источна Украина кои војуваат со украинската армија од 2014 година.

Во предлогот за резолуција од 11 пратеници, вклучително и претседателот на Комунистичката партија Генадиј Зјуганов, се вели дека Русија треба официјално да ги признае двете самопрогласени републики како независни држави за да ги заштити жителите од надворешни закани.

„Државната дума на Русија ви се обраќа, Владимир Владимировиќ Путин, со барање да го разгледате признавањето на Доњецката Народна Република од страна на Русија и Народната Република Луганск како самодоволни, суверени и независни држави“, се вели во предлогот за резолуција.

Думата и Кремљ се уште не го коментирале предлогот. Русија им дозволува на жителите на областите под контрола на сепаратистите да поднесат барање за руско државјанство по забрзана процедура. На територијата контролирана од проруските бунтовници, официјална валута е руската рубља, а училиштата ја усвоија руската наставна програма.

Минатата година Путин и нареди на владата да ги укине ограничувањата на извозот и увозот на стоки меѓу Русија и делови од Народна Република Доњецк и Народна Република Луганск. Руските власти тврдат дека овој потег е дизајниран да ги надомести загубите поради економската блокада меѓу областите контролирани од сепаратистите и остатокот од Украина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Костадиновски: Имаме сериозно примитивна политичка култура

Sasko Dimovski

НЛБ Банка и Прагма продукција ја најавија големата летна концертна сезона 2026

Sonja Petrusevska

Условна казна затвор за екс претседателката на Антикорупциска Taтјана Димитровска за оддавање податоци на обвинето лице

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе