Четири деца загинаа во пожар во куќа во Лондон. Според соопштението на лондонската противпожарна бригада, вечерта од засега неутврдена причина избувнал пожар во куќа во квартот Сатон на југот на градот.
Пламените јазици, на кои интервенирале 8 противпожарни возила и 60 пожарникари, биле изгаснати за приближно 1,5 час. На 4 деца погодени од пожарот им беше дадена прва помош додека не пристигнаа екипите на брзата помош. Подоцна децата кои биле пренесени во болница починале.
Комесарот за пожари во Лондон, Енди Ро, рече дека смртта на децата длабоко ги растажиле сите.
Лондонската полициска служба соопшти дека се истражува причината за пожарот и никој не е приведен.