Македонија

Со новиот градоначалник – започна и поделбата на изборниот плен во Штип

Нова локална власт доби Штип, кој е прв и со нови кадровски решенија на двете големи јавни претпријатија.

По три дена од преземањето на функцијата, градоначалникот, Иван Јорданов денеска го соопшти  и тимот, со кој ќе ја раковиди општината.

Првите луѓе на „Исар“ и „Стипион“ , Трајче Здравков и Игор Ефтимов од денеска се вршители на должност.

Здравков и Ефтимов засега ќе се држат на краток ланец, со нивното назначување за вршители на должност.

Двајцата треба да се докажат дека ќе работат во интерес на граѓаните, а потоа да ги добијат директорските решенија.

Здравков и Ефтимов во директорските канцеларии нема кој да ги пречека, бидејќи минатата недела и двајцата поранешни директори си дадоа оставки, а јавноста ја известија преку социјалните мрежи.

Во Штип деновиве се очекуваат и нови директори во училиштата, а на ниво на Брегалнички регион во локалните институциите ќе има околу 30 нови кадровски решенија, единствено во Делчево и Берово, каде што градоначалниците го почнаа вториот мандат засега нема да прават проветрувања во  локалните институции.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор за полициски службеник кај кого биле пронајдени илјадници евра и злато – тој призна дека сторил проневера во служба

Дејан Дејан

Раст на приходите од патарини во првото полугодие

Дејан Дејан

Обвинение за директорот на Геријатрија- се товари дека побарал мито 20.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе