Свет

НАТО ќе бара комуникациски канали кон Русија и покрај шпионскиот спор

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска изјави дека Алијансата мора да  продолжи да разговора со Русија, откако Москва ја затвори својата мисија поради шпионскиот спор.

Тоа ќе значи потпирање на „жешката линија“ меѓу командантот на руската армија, Валериј Герасимов, и командантот на НАТО за Европа, Тод Валтерс, како и средбите на Столтенберг со министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, наведуваат дипломатите.

Русија, исто така, ја остави отворена вратата за дипломатија преку својата амбасада во Белгија, откако ги замрзна официјалните состаноци во форматот Советот НАТО-Русија.

  • Односите меѓу НАТО и Русија сега се на најниското ниво од крајот на Студената војна. За нас, тоа не е причина да немаме дијалог, рече Столтенберг на прес -конференција.

Русија во понеделникот соопшти дека ќе ги прекине сите активности на нејзината дипломатска мисија во НАТО, откако Алијансата протера осуммина руски дипломати од мисијата заради шпионажа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп повторно воведува блокада за иранските бродови и најави 20% надомест за комерцијалните бродови кои минуваат низ Ормускиот теснец

Igor Trajkov

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога ќе станеме членка на ЕУ

Kristina Kuzmanovski

Два тона млечни производи се запленети во Грција, биле превезувани со камион без ладилник

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе