Вести

ЕУ нема да дозволи Полска да ги доведе во ризик нашите вредности, рече Фон дер Лајен

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека Брисел „нема да дозволи“ Полска да ги доведе во ризик вредностите на ЕУ.

Во обраќањето пред пратениците во Стразбур, Фон дер Лајен рече дека неодамнешната пресуда на Уставниот суд на Полска претставува закана за основните принципи на блокот.

Европската унија е во конфликт со Полска поради одлуката на Варшава да воведе промени во судскиот систем на земјата, што и даваат на владата поголема моќ над судовите. Уставниот суд на Полска неодамна пресуди дека националното законодавство е над она на ЕУ. Унијата го смета овој потег за недемократски, додека владејачката Партија на правото и правдата вели дека промената била неопходна за реформира на неефикасниот систем.

Полските лидери испратија порака до ЕУ пред денешното обраќање на премиерот Матеуш Моравијецки пред Европскиот парламент: – Не подлегнуваме на уцени, рече Јарослав Качински, де факто лидер на земјата и водач на владејачката Партија на правото и правдата.

Иако Полска и владеењето на правото не се на дневен ред за состанокот на лидерите оваа недела, холандскиот премиер Марк Руте рече дека ќе инсистира на замрзнување на средствата за Полска. Меѓутоа, германската канцеларка Ангела Меркел веќе ги предупреди земјите од ЕУ и Европскиот парламент да не брзаат да ги блокираат средствата за опоравување на Полска.

Европскиот парламент, исто така, врши притисок врз претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лејен, да дејствува против Полска, или со блокирање на парите за помош за опоравување поради пандемијата или со воведување нов механизам што ќе го поврзе финансирањето на ЕУ со критериумите за владеење на правото.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Работникот што загина при пад од скеле на Пречистителната станица не носел заштитно јаже

Tea Dimkovska

Нафтата поскапа за 15 отсто за само четири дена, експертите предлагаат кризната состојба да продолжи, но да се внимава со мерките.

Дејан Дејан

Вечерва отворање на изложбата „ Трага во времето“ за 10 години Национален џез оркестар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе