Свет

Босанските обвинители отвориле истраги против Додик, но не кажуваат за кои кривични дела

Обвинителите во Босна и Херцеговина денеска соопштија дека отвориле истрага против српскиот член на државното претседателство, Милорад Додик, но не наведоа за што тој е осомничен.

Против лидерот на босанскохерцеговските Срби се поднесени неколку кривични пријави, а последната е денеска.

Обвинителството на БиХ ја известува јавноста дека по приемот на првата (кривична) пријава формиран е предмет и за него е одреден обвинител, а и останатите пријави, исто така, се во обработка, се наведува во соопштението на Обвинителството. Тоа значи дека обвинителите во моментов проверуваат дали има правна основа за кривично гонење.

Најмалку четворица државни обвинители минатата недела побараа отворање истраги против Додик за неуставни активности, односно загрозување на интегритетот на БиХ.

Барањата следеа по неговите најави дека најдоцна до крајот на месецот ќе иницира донесување закони со кои Република Српска ќе го спречи работењето на Вооружените сили на БиХ, државното правосудство и полициските агенции на територијата на овој ентитет со мнозинство Срби.

Против Додик, исто така, се поднесени неколку кривични пријави за постојаното негирање на геноцидот во Сребреница, кривично дело што кон крајот на јули го воведе поранешниот висок претставник за БиХ, Валентин Инцко.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп повторно воведува блокада за иранските бродови и најави 20% надомест за комерцијалните бродови кои минуваат низ Ормускиот теснец

Igor Trajkov

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога ќе станеме членка на ЕУ

Kristina Kuzmanovski

Два тона млечни производи се запленети во Грција, биле превезувани со камион без ладилник

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе