Свет

Истрагата за смртта на четворицата руски туристи во Албанија се проширува и во Македонја

Истрагата околу смртта на четворицата руски туристи, кои синоќа беа понајдени мртви во сауна во хотелот “Глорија“ во турстичката зона Ќерет кај Каваја, се проширува и во Македонија.

Тоа, спорд агенцијата Балкан веб, од причина што тие во текот на вчерашниот ден престојувале во Орхид.

Откривањето нови детали, ја прошири истрагата. Во текот на вчерашнот ден тие патувале за Македонија, а по ручекот во Охрид, се вратиле во хотелот “Глорија“ каде што престојувале. Претходно, полицијата соопшти дека се сомневаат дека туристите починале од гушење, но не е исклучено тие да биле под дејство на алкохол. Исто така, дел од истрагата е и патувањето на туристите во Македонија, за евентуално труење со храна или консумирање психотропни супстанции, наведува агенцијата.

Во своето сведочење пред истражниот тим, една од вработените во хотелот им кажала на обвинителите дека било околу 22:30 часот кога отишла во просторијата за сауна, каде што биле двете брачни двојки, и неколкупати тропала на вртата, за да ги извести дека пијалоците и овошјето што ги нарачале ги однела во нивните соби, но откако не реагирале, влегла внатре каде што ја видела и шокантната слика.

Брачнот пар Наталија Буренкова (58), Сергеј Буренков (60), нивната ќерка Екатерина Буренкова (31) и нејзиниот сопруг Никита Белоусов(37) во Албанија допатувале на одмор минатата недела, преку туристичка агенција, кое за жал било и нивното последно патување. Заедно со нив допатувале и други четворица руски туристи.

Во експертизата, по барање на Амбасадата на Руската Федерација во Тирана, ќе бидат вклучени и стручни лица од оваа земја.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп повторно воведува блокада за иранските бродови и најави 20% надомест за комерцијалните бродови кои минуваат низ Ормускиот теснец

Igor Trajkov

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога ќе станеме членка на ЕУ

Kristina Kuzmanovski

Два тона млечни производи се запленети во Грција, биле превезувани со камион без ладилник

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе