Свет

ГЕРБ води на анкетите во Бугарија пред БСП

На почетокот на изборната кампања за претседателските и парламентарните избори во Бугарија што се закажани на 14 ноември, најголем рејтинг има партијата ГЕРБ, покажуваат резултатите од анкетата на „Сова Харис“.

Според анкетата шест или седум партии и коалиции ќе освојат пратенички места. За ГЕРБ се изјасниле 24,2 проценти од испитаниците, 19,1 отсто од анкетираните изјавиле дека ќе гласаат за Бугарската социјалистичка партија. Коалицијата Ја продолжуваме промената на двајцата поранешни министри од привремената влада Асен Василев и Кирил Петков, според анкетата би освоила 14,6 проценти од гласовите, додека партијата Има таков народ на Слави Трифонов би била трета или четврта партија со освоени 14,4 отсто од гласовите.

Според резултатите во идното Национално собрание ќе влезат и партиите Демократска Бугарија, Движењето за правата и слободите, а можно е свои пратеници да има и коалицијата Исправи се БГ! Доаѓме.

Анкетата покажува дека актуелниот претседател на Бугарија, Румен Радев има најголем рејтинг. За Радев, според резултатите, би гласале 49,7 отсто, за ректорот на Софискиот универзитет професор Атанас Герџиков – 20,4 проценти, за кандидатот на Движењето за права и слободи Мустафа Карадај пет отсто, а за кандидатот на Демократска Бугарија Лозан Панов 4,4 проценти.

Анкетата е нарачана од сајтот dir.bg., а беше реализирана од 5 до 12 октомври.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп повторно воведува блокада за иранските бродови и најави 20% надомест за комерцијалните бродови кои минуваат низ Ормускиот теснец

Igor Trajkov

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога ќе станеме членка на ЕУ

Kristina Kuzmanovski

Два тона млечни производи се запленети во Грција, биле превезувани со камион без ладилник

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе