Ковид19

43.000 луѓе во Англија добиле погрешни резултати од тестирање на Ковид-19

Во една лабораторија во Англија било прекинато тестирањето на коронавирус, откако дошло до сомнеж дека 43.000 луѓе можеби добиле неточни резултати на тестовите.

Покрената е истрага веднаш штом се појавиле информациите за луѓе кои добиле негативни резултати од ПЦР тестот во лабораторија во Вулверхемптон, откако претходно биле позитивни на уредот со кој се спроведува тестирање.

Се проценува дека во таа лабораторија биле спроведени 400.000 тестирања и дека околу 43.000 луѓе добиле неточни резултати во периодот од 8 септември до 12 октомври.

Како резултат на нашата истрага, работиме со компанијата NHS Test and Trace за да ги утврдиме лабораториските технички проблеми што доведоа до тоа луѓето да добијат неточни резултати од ПЦР тестот, изјави Вил Велфер од британската Агенција за здравствена безбедност.

Од клиниката во чија лабораторија се откриени погрешни резултати, велат дека целосно соработуваат со Агенцијата

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пановски: По сите основи сме далеку од здрава нација – обложувалница како главен “спорт“, а 70 посто од општеството на раб на сиромаштија

Tea Dimkovska

АстраЗенека ги повлекува своите вакцини против коронавирус ширум светот

Дејан Дејан

Нема кој да ги контролира авионите на лондонски Гетвик – сите вработени се болни од ковид – откажани стотици летови

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе