Свет

(видео)Обид за киднапирање на дете на сред бел ден во Њујорк

Маж се обидел да киднапира девојче среде бел ден на улиците на Бронкс во Њујорк, а овој шокантен настан беше снимен од една од блиските безбедносни камери.

Со тригодишното девојче во моментот на киднапирањето била нејзината баба, која покрај со малото девојче, шетала со уште две внучиња.

Еден маж наметнат со ќебе им пришол и го зграбил детето со двете раце фрлајќи го ќебето врз девојчето.

Бабата се стрчала по човекот, кој почнал да бега со девојчето во рацете. За среќа, случајни минувачи се вмешале и го спасиле девојчето.

Мажот првично побегнал, но полицијата подоцна го нашла како спие пред врата на компанија во близина и го препознала од снимката.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп повторно воведува блокада за иранските бродови и најави 20% надомест за комерцијалните бродови кои минуваат низ Ормускиот теснец

Igor Trajkov

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога ќе станеме членка на ЕУ

Kristina Kuzmanovski

Два тона млечни производи се запленети во Грција, биле превезувани со камион без ладилник

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе