5-мина обвинети за учество во толпа и за напад врз службено лице ја признале вината откако ги предводеа насилствата на протестите во Тетово на кои бараа одговорност за 14-те жртви во изгорената ковид болница.
Ибраим Бајрами, адвокат на еден од обвинитети за Телма потврди дека 5-мината обвинети се пуштени од притвор по признавање на делото. Сите се осудени на условна казна од една година затвор доколку сторат кривично дело во наредните три години.
Протестите на кои се бараше одговорност за жртвите во пожарот во модуларната болница беа организирани на 17-ти септември, а судирите избувнаа откако демонстрантите сакаа да заминат пред седиштето на ДУИ, но налетаа на полициски блокади. Неколку полицајци беа повредени.
