Свет

БИРН: Српските власти знаеле дека бројот на починати бил три пати поголем од објавениот

Податоците до кои дошла Балканската истражувачка репортерска мрежа покажуваат дека во Србија во текот на 2020 година биле издадени 10.000 посмртници во кои како причина за смртта било наведено Ковид-19, три пати помалку отколку што официјално објавиле во јавноста.

На веб страната covid19.rs објавениот број смртни случаи за минатата година беше 3.130 лица. Но во мај годинава српското Министерство за здравство формираше Комисија за анализа на смртните случаи предизвикани од Ковид-19, и која откако ги прегледала бројките пријавила дека смртноста била многу повисока и изнесувала 10.345 лица.

Премиерката Ана Брнабиќ, за БИРН негирала дека српските власти намерно објавиле далеку помал број на починати.

„Зарем навистина мислите дека би направиел такво нешто? Зошто би направиле такво нешто? им одговорила Брнабиќ.

Дека бројот на починати бил три пати повисок од објавениот признал и тогашниот член на кризниот штаб, епидемиологот Предраг Кон, но причината за погрешните објавени бројки, според него, била во новиот информациски систем кој, тогаш, почнале да го користат

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп повторно воведува блокада за иранските бродови и најави 20% надомест за комерцијалните бродови кои минуваат низ Ормускиот теснец

Igor Trajkov

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога ќе станеме членка на ЕУ

Kristina Kuzmanovski

Два тона млечни производи се запленети во Грција, биле превезувани со камион без ладилник

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе