Само 100-тина граѓани на дневно се вакцинираат во Тетово, за разлика од пред неколку недели кога бројот беше 10 пати поголем. Поради намалениот обем на работа, од вкупно 4, работат само два пункта за вакцинација, во поранешниот Домот на АРМ и во Центарот за култура.
Со доаѓање на постудени денови лекарите стравуваат од нов бран, бидејќи населението повеќе време ќе поминува во затворен простор. Апелираат граѓаните да се имунизираат, но и истовремено да ги почитуваат мерките за заштита од ширење на коронавирусот.
Намелен е бројот на вакцинирани на дневно ниво и на целата територија на земјава, така што вчерашните податоци на Министерството за здравство говорат дека предходниод ден прва доза примиле 745 граѓани, од вкупно 2 798 вакцинирани. Трета доза, пак, примиле 54 лица.
Досега вкупно се аплицирани 1.540.027 дози вакцини, а ревакцинирани се 745.415 граѓани, трета доза вкупно примиле 625 граѓани.
Данијела Билбилоска