Свет

Европскиот суд за правда да преземе некои „финансиски санкции“ кон Полска

Европскиот комесар за правосудство рече дека унијата е „се повеќе загрижена“ заради одлуката на полскиот Уставен суд со која се оспорува надмоќта на европските закони.

Полскиот Уставен суд му пркоси на правниот поредок на ЕУ со одлуката дека полските закони имаат поголемо значење од ЕУ законите во областите во кои се судираат.

Високи официјални претставници на унијата сметаат дека одлуката на полскиот уставен суд може предизвика излез на земјата од ЕУ блокот.

Денеска европскиот комесар за правосудство Дидиер Реиндерс рече дека е побарано од Европскиот суд за правда да преземе некои „финансиски санкции“ кон Полска.

  • Повторно, не сакам сега да кажам каква ќе биде одлуката на Комисијата за најдобрите можни начини на реакција, но она што е сигурно е дека ние ќе реагираме секако како што направивме во последните недели и месеци. Повторно, сега чекаме нови одлуки на Судот на правда за ситуацијата во Полска, како и можни финансиски санкции, рече Дидие Рејндерс, европски комесар за правда.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп повторно воведува блокада за иранските бродови и најави 20% надомест за комерцијалните бродови кои минуваат низ Ормускиот теснец

Igor Trajkov

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога ќе станеме членка на ЕУ

Kristina Kuzmanovski

Два тона млечни производи се запленети во Грција, биле превезувани со камион без ладилник

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе