Свет

Австриската опозиција бара оставка од Курц

Опозицијата во Австрија бара оставка од канцеларот Себастијан Курц и поднесе барање за одржување на вонредна седница на Парламентот.

Барањето е доставено од Социјалдемократската партија (СПО), Слободарската партија (ФПО) и Неос откако австриското Обвинителство вчера изврши покрена истрага против канцеларот неговите најблиски соработници под сомнение дека со пари на даночните обврзници плаќале медиумите да објавуваат позитивни вести за Курц и за неговата партија Австриска народна партија (ОВП).

Обвинувањата против канцеларот и неговите најблиски соработници, како и против и ОВП се тешки и единствени во историјата на земјата, се истакнува во барањето на опозицијата, при што се бара канцеларот да одговара на обвиненијата во Парламентот

Шефот на пратеничкиот клуб на ФПО, Херберт Кикл најави дека ќе поднесе барање да се гласа за доверба на Владата на Курц.

Според истражителите постои сомнение дека на агенциите за испитување на јавното мислење им се исплаќале средства од новото Министерство за финансии за „исклучиво партиски мотивирани, понекогаш наместени анкети“ во интерес на Курц.

Покрај тоа, јавните пари биле исплаќани за рекламирање во еден медиум. Австрискиот весник „Дер Стандард“ претходно објави дека вредноста на договорот за рекламирање и соработка изнесувал 1,3 милиони евра.

Владејачката ОВП и осомничените медиуми ги негираат обвинувањата.

Обвинителите вчера извршија претреси во седиштето на ОВП, во Владата и во Министерството за финансии.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп повторно воведува блокада за иранските бродови и најави 20% надомест за комерцијалните бродови кои минуваат низ Ормускиот теснец

Igor Trajkov

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога ќе станеме членка на ЕУ

Kristina Kuzmanovski

Два тона млечни производи се запленети во Грција, биле превезувани со камион без ладилник

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе