Македонија Топ вести

Македонски дипломатски синдакат: државата е должна да се грижи за своите граѓани и дипломати

Молк од институциите за тоа дали ќе се бара поранешниот дипломат Миле Миленковски да биде испорачан во земјава. Може и треба, сметаат од дипломатскиот синдикат. Но и да не се случи тоа земјава мора да се погрижи тој да добие право на фер и правично судење во Ерменија. Тој од притвор во Врање преку писмо испратено до медиумите побара да му се суди овде а не во Ерменија каде е осомничен дека го сторил кривичното дело илегално преминување на границата извршено од група по претходен договор.

Додека Ерменија го бара Миле Миленковски за тамошните судови да му судат, во Македонија за сега институциите молчат дали ќе ја превземат обврската тука тој да се најде пред правосудните институции. Неделава судот во Србија ќе треба да одлучи по барањето на Ерменија, но во меѓувреме неговите адвокати бараат тој да биде екстрадиран тука, и нашето обвинителство да го гони по службена должност за истото дело како во Ерменија, илегално преминување на граница. Од македонскиот дипломатски синдакат објаснуваат дека државата е должна да се грижи за своите граѓани и дипломати и би требало да побара Миленковски да биде испорачан тука. Ако не барем да инсистира на фер судење таму.

Миле Миленковски во своето писмо испратено од затворот во Врање каде во моментов се наоѓа во притвор тврди дека не е виновен. Очекува тоа да го докаже во Македонија оти верува дека е правна држава, споменувајќи дека во доказите кои ги добил во случајот за криминал во Ерменија се опфатени 7 од кои 6 се македонски државјани.

Код пак во минатата емисија објави детали од обвиненито кое е покренато против Миленковски но и  Владимир Сарафов и Стево Симски кои за пари организирале бегство за бизнисменот  Бранислав Димитријевиќ. Тој има двојно државјанство македонско и Хрватско.  Вмешан е во огромен корупциски предмет за изградба на коридорот Север-Југ заедно .Во 2018-та за Бранислав Димитријевиќ почнува истрага во која покрај високите ерменски функционери и познати бизнисмени е обвинет за проневера. Главна ѕверка е Леван Саркисјан, брат на претседателот на Ерменија кој е сменет само неколку месеци претходно. Димитријевиќ е надзор врз патниот коридор преку кој се земале провизии за избор на погодни ерменски фирми. Димитријевиќ ветува дека ќе остане во Ерменија до крај на истрагата, и е под постојан надзор и контрола од специјалното анти-корупциско обвинителство во ереван. Но, на 1 октомври 2019 успева со пасош на друг македонски државјанин зоран спиров со српски приватен авион и помош од македонските дипломати да им избега на ерменски власти. случајот е откриен кога Спиров се обидува да излезе со својот пасош со кој претходно избегал Димитријевиќ, а веќе му бил вратен назад преку трет човек.

И покрај тоа што осомничените дипломати ваделе и извлекувале осомничен за криминал и проневера и тоа со дипломатски пасош, сопственост на државата никој тука до сега не отвори кривична истрага која ќе донесе многу информации и ќе спречи вакви идни скандали. Од обвинителството велат дека утре ке проверат дали е пристигнато барањето за отворање истрага тука, нешто што сега самиот Миленковски го бара како спас од судски процес во Ерменија.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со наполнети 18 години, кацига и без второ лице, вака од денеска смее да се вози тротинет

Kristina Kuzmanovski

Рокас се надева на скоро решение за и Македонија да го фати чекорот на проширувањето

Tea Dimkovska

Костадиновски: Имаме сериозно примитивна политичка култура

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе