Свет

Зелените и либералите започнаа разговори за формирање влада

На социјалдемократите, кои освоија најмногу гласови на парламентарните избори во неделата, им е потребна поддршка од Зелените и либералите за да формираат нова влада која ќе ги замени конзервативците по 16 години на власт.

Лидерите на Либерално-демократската партија (ФДП) и Зелените, две помали партии чија поддршка одредува кој ќе стане следниот германски канцелар, започнаа разговори за формирање влада.

Во потрага по нова влада, ние бараме заеднички јазик и мостови околу работите што нe делат, дури и наоѓаме некои, соопштија утрово преку Инстаграм Аналена Бербок, која беше кандидатка на Зелените за канцелар на парламентарните избори и лидерот на ФДП, Кристијан Линднер. Тие објавија и заедничка фотографија со лидерот на Зелените Роберт Хабек и генералниот секретар на либералите Фолкер Висинг.

Двете помали партии одлучија прво да разговараат меѓу себе пред да започнат преговори со една од партиите што освои најмногу гласови, СПД и конзервативната унија ЦДУ-ЦСУ.

Иако имаат некои заеднички точки, тие традиционално припаѓаат на спротивставените идеолошки кампови и имаат различни пристапи кон прашања, вклучувајќи економија и борба против климатските промени.

Во последните децении, Зелените се стремат кон Социјалдемократите од левиот центар, кои победија на парламентарните избори со мала предност, предводени од Олаф Шолц.

Либералите (ФДП) беа блиски до Ангела Меркел и конзервативната унија ЦДУ/ЦСУ, која го забележа најлошиот резултат досега со Армин Лашет, освојувајќи го второто место.

Единствената друга комбинација на партии што би имале мнозинство во парламентот е договорот на „големата коалиција“ во заминување на двете големи партии, што ниту една од нив не посакува.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп повторно воведува блокада за иранските бродови и најави 20% надомест за комерцијалните бродови кои минуваат низ Ормускиот теснец

Igor Trajkov

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога ќе станеме членка на ЕУ

Kristina Kuzmanovski

Два тона млечни производи се запленети во Грција, биле превезувани со камион без ладилник

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе