Македонија Топ вести

Не се очекува Фон дер Лајен и Вархеи да донесат нови предлози за решение на проблемот со Бугарија

Протоколарни посети за политичка поддршка за регионот. Вакви се очекувањата од утрешната посета на Македонија на претседателката на европската комисија Урсула фон дер Лајен, а ден по неа и на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи, кои за познавачите на европските политики и состојби ќе поминат без нови предлози за надминување на бугарското вето за земјава.

„Посетата ќе биде протоколарна, не би очекувала некакви нови предлози, бидејќи знаеме дека во Бугарија нема влада. Европската унија е свесна дека, кредибилноста, се додека не почнат преговорите, и е намалена во регионот, и мислам дека ова е некој начин да се покаже политичка поддршка иако тоа ќе биде без решавање на големите прашања“, вели Симонида Кацарска, директорка на Институт за европска политика.

И покрај застојот во евроинтегрирањето на регионот таа не смета дека протоколарноста на посетите на високите претставници од ЕУ може да предизвикаат контраефект, особено во земјава, каде разочарувањето се зголеми по второто „не“ од ЕУ во јуни.

„Не е на одмет да имаме да имаме политичка поддршка. Спротивно на тоа, улогата на комисијата е да даде поддршка на земјите кандидатки. Тоа не го гледаме во доволна мера, Комисијата мора да дава поддршка, иако, веројатно, ако не се испорача со нешто конкретно може да придонесе кон дополнително разочарување кај јавноста. Веројатно ќе се дојде до некое поголемо развивање на дискусиите околу инвестицискиот план, околу она што следува таму, но не конкретно кај преговорите, ниту со нас, ниту со Албанија“, смета Кацарска.

Во сржта на прашањето на проширување, смета Кацарска, всушност е колку постои политичката волја кај лидерството на ЕУ, поточно клучните европски земји да се продолжи со тој процес.

Во тој контекст таа очекува Германија да продолжи да го поддржува проширувањето и покрај заминувањето на канцеларката Ангела Меркел и формирање на нова влада таму, но со неизвесност со колкав интензитет би било тоа. Сепак, според Кацарска, како што се покажа, Германија сама нема да може да го истурка проширувањето во ЕУ доколку тоа не биде ставено и на агендата во Франција, барем со декларативна волја и интерес.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

По Велес, претреси и во Охрид – членови на избирачки одбор фотографирале избирачки список и гласачки ливчиња

Дејан Дејан

Додека ги служело здравје оделе на гласачки места, сега гласаат во домашни услови – за 76-годишната Слободанка и 81-годишната Митра гласањето останува свечен чин

Дејан Дејан

Украински полковници учествувале во руски заговор за атентат на Зеленски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе