Свет

Претставник на Стејт департментот за ЗБ-Ескобар доаѓа во Брисел на разговори за северно Косово

Американскиот заменик-помошник државен секретар за Европа и Евроазија Габриел Ескобар следната недела ќе пристигне во Брисел каде со европските партнери ќе разговара за актуелната ситуација на северот на Косово.

„Соединетите држави работат со Европската унија, НАТО и владите на Косово и Србија на преземање итни чекори за да избегнување на ескалација на тензиите и дејствијата што ги зголемуваат тензиите, го загрозуваат напредокот во дијалогот со посредство на ЕУ и негативно влијаат врз секојдневниот живот на граѓаните, изјави портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс, за Радио Слободна Европа (РСЕ).

-САД продолжуваат да поддржуваат тесна регионална соработка со цел да се отстранат сите пречки за слободно движење, трговија и инвестиции кои се од корист за сите граѓани на Западен Балкан, додаде портпаролот на Стејт департментот.

Тој, исто така, изјави дека САД ја поддржуваат понудата на ЕУ следната недела во Брисел да продолжи дијалогот меѓу Белград и Приштина и да ги повикаат Србија и Косово повторно да се ангажираат „отворено, сериозно и што е можно поскоро“.

РСЕ од сигурни извори во ЕУ дознава дека главните преговарачи на Косово и Србија најверојатно ќе се сретнат оваа недела во Брисел, а средбата ќе ја организира со посредство на претставникот на ЕУ за дијалог меѓу двете страни, Мирослав Лајчак.

Можната средба која се очекува да се одржи во втората половина на оваа недела во Брисел помеѓу Петар Петковиќ, претставникот на Србија и Бесник Бислими, претставникот на Косово, ќе има за цел да се најде решение за ситуацијата на северот на Косово.

Според информациите на РСЕ, Лајчак работи на можни опции со цел да најде компромис за ситуацијата на северот и е во редовен контакт со претставниците на Белград и Приштина.

Дипломатски извори во Брисел предупредуваат дека очекуваат двете страни да дојдат со јасен мандат за разговори со цел да се најде решение а не, како што рекоа овие извори, „да го искористат состанокот за уште еднаш да ги изнесат своите ставови“. Самото пристигнување на преговарачите и нивната подготвеност да се сретнат во круговите во Брисел се гледа како на сигнал дека страните се подготвени да работат на намалување на тензиите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп повторно воведува блокада за иранските бродови и најави 20% надомест за комерцијалните бродови кои минуваат низ Ормускиот теснец

Igor Trajkov

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога ќе станеме членка на ЕУ

Kristina Kuzmanovski

Два тона млечни производи се запленети во Грција, биле превезувани со камион без ладилник

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе