Во едно средно и две основни училишта во Штип веќе има трансмисија на коронавирусот меѓу учениниците. Директорката на Центарот за јавно здравје, Марија Димитрова за Телма потврдува дека имаат случаи на ученици, кои имаат симптоми, но и тестовите им се позитивни по контактот со заразен ученик. Во моментов во штипските училишта позитивни на Ковид 19 се 32 , а во изолација имаат 80 ученици. Возраста на учениците е од 10 до 18 години.
Резултатаите од денешните потврдени случаи во училишата ги веќе работиме. По направената анкета ќе знаеме колку дополнително ученици ќе заминат во изолација. Што значи оваа бројка ќе се зголеми во текот на денешниот ден, вели Димитрова
И покрај тоа што има појава на локална трансмисија во вкупно три училишта во Штип, сепак оценката на епидемиолозите е дека во училиштата е стабилна и не е загрижувачка.
Раководителот на секторот за образование во Општина Штип, Билјана Казанџиска вели дека имаат три класа во изолација, а општинскиот тим секојдневно ги контролира училиштата, кои ги почитуваат мерките и постојано вршат дезинфекција. Од Министерството за образование велат дека засега останува наставата се реализира со физичко присуство, а бројот на заразени ученици на државно ниво е помеѓу 0,01 до 0,03 од вкупно 240.000 ученици во државата. Од Министерството за здравство најавија дека од октомври ќе се прават брзи антиген тестови на учениците од основните и средните училиштa.
Викторија Јованова
