Вести Македонија Топ вести

Трансмисија на ковид во штипските училишта, во изолација 80 ученици

Во едно средно и две основни училишта во Штип веќе има трансмисија на коронавирусот меѓу учениниците. Директорката на Центарот за јавно здравје, Марија Димитрова за Телма потврдува дека имаат случаи на ученици, кои имаат симптоми, но и тестовите им се позитивни  по контактот со заразен ученик. Во моментов во штипските училишта позитивни на Ковид 19 се 32 , а во изолација имаат 80 ученици. Возраста на учениците е од 10 до 18 години.

Резултатаите од денешните потврдени случаи во училишата ги веќе работиме. По направената анкета ќе знаеме колку дополнително ученици ќе заминат во изолација. Што значи оваа бројка ќе се зголеми во текот на денешниот ден, вели Димитрова

И покрај тоа што има појава на локална трансмисија во вкупно три училишта во Штип, сепак оценката на епидемиолозите е дека во училиштата е стабилна и не е загрижувачка.

Раководителот на секторот за образование во Општина Штип, Билјана Казанџиска вели дека имаат три класа во изолација, а општинскиот тим секојдневно ги контролира училиштата, кои ги почитуваат мерките и постојано вршат дезинфекција. Од Министерството за образование велат дека засега останува наставата се реализира со физичко присуство, а бројот на заразени ученици на државно ниво  е помеѓу 0,01 до 0,03 од вкупно 240.000 ученици во државата. Од Министерството за здравство најавија дека од октомври ќе се прават брзи антиген тестови на учениците од основните и средните училиштa.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Манасиевски: Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ не поминува

Дејан Дејан

(видео)Кривична за 18-годишна девојка и две малолетнички за насилството врз девојче во Куманово

Дејан Дејан

Неизвесна наплата, нерационално управување со залихите, намалена ликвидност и сериозни проблеми со возниот парк, нотираа ревизорите во ЈП „Комунална хигиена – Скопје“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе