На граничниот премин Јариње, Брњак и Мердаре започна одземање на регистраските таблици со ознаки од северот на Косово, а возилата со ознаки од Србија мораат да земат пробни ознаки и да плаќаат такса.
Специјални единици на косовската полиција Рос распоредени се од утрово на двата административни премини Јариње и Брњак. Србите од северот на Косово го блокираа преминот Јариње во двата смера, а припадниците на Рос бараат од нив да се повлечат.
Косовската полиција кај преминот Брњак употреби солзавец за да ги растера Србите кои протестираа против одлуката на институциите во Приштина, но луѓето останаа на местот на протестот. Српските репортери јавуваат дека во моментов границата може да се помине само пешки, откако косовската полиција утрово ја извести српската полиција за новите мерки.
- Поминаа 10 години како нашите граѓани плаќаат за српски привремени таблички, ние не ги сакаме ниту едните ниту другите. Се додека нашите граѓани мора да платат за табличките кога ќе влезат во Србија, тие ќе се користат при влез во Косово така е добро- Албин Курти, премиер на Косово.
- Ги повикувам сите овде да останат смирени и да не бидат испровоцирани. Ја повикувам Приштина да не биде испровоцирана и да не создава провокации, а исто така го повикувам и Белград и државата Србија, го повикувам српскиот претседател Вучиќ да ни помогне- Горан Рачиќ, српски лидер и министер за повратници во косовската влада.
Српскиот претседател Вучиќ е на состанок со Лајчак, специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина, по што ќе има обраќање пред јавноста.
Билјана Ставрова