Македонија Топ вести

Темниот сјај на Маврово

Живеат покрај езеро а немаат вода. Имаат прекини во снабувадњето со електрична енергија, патиштата се дотраени, нема улично осветлување и сметот не се подига редовно. Водоводот е дотраен, водата нечиста а канализација нема.Со ова се соочуваат жителите на селата и викенд населбите кои гравитираат околу Мавровското езеро.

Од другата страна на езерото е селото Леуново. Ова е изворот од кој се снабдува со вода викенд населбата и хотелот Радика. Проблемите се исти. Вода доволно нема и е бактериолошки неисправна. За празникот Илинден, во викенд населбата немало вода 6 дена.

Ако тоа не е доволно, секаде каде што допира погледот во Маврово, Маврови Анови и Леуново – се гради. Во заштитен појас, во забранет појас, во национален парк. Мештаните и сопствениците на викендици револтирани од индолентниот однос на локалната власт. Имале средба со градоначалникот на која добиле само ветувања. Најавуваат протести и блокади.

ЕСМ која стопанисува со Мавровското Езеро уште во јуни минатата година издало забарана за градење во заштитениот појас кој опфаќа 50 мерти од максималната кота на аскумулацијата но тоа не е пречка во моментов токму во тој појас да се градат петанесетина куќи кои се дел од проект од речиси 90 такви објекти.

Ова е каналот преку кој отпадните води од Радика се влеваат во езерото. Пречистителната станица со месеци стои во дворот од хотелот и чека да биде поставена.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

И Пендаровски и Силјановска Давкова ќе ги прифатат уставните измени доколку бидат изгласани во Собранието

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе