Најважни Свет

Митрополитот на СПЦ Јоаникије устоличен на Цетиње под силно обезбедување – полицијата ги разби демонстрантите

Српската православна црква го устоличи денеска на древно Цетиње новиот митрополит на приморско-црногорската епархија, во вонредни безбедносни услови – со огромно полициско обезбедување.

Митрополитот Јоаникије и патријархот на СПЦ со полициски хеликоптер и жив штит од полициски специјалци беа спроведени во манастирот, од каде испратија пораки на мир, светлина и единство, додека на блокадите кои ги поставија демонстрантите на патот од Подгорица кон Цетиње , полицијата со солзавец и димни бомби интервенираше против луѓето кои сметаат дека со овој чин се деградира црногорската самостојност.

“Нека засветли светлината, радосна и мирот, овде на ова место. Мир од овој свет манастир и светото семејство. Нека се шири со концентрични кругови и нека ја осветли цела Црна Гора и сите луѓе во неа” – изјави српскиот патријарх Порфирије.

Градот под Ловќен за сите црногорци има статус на престолнина поради историското значење на Цетиње низ вековите , како седиште на црногорското кралство и православната црква.

Демонстрантите уште вчера поставија шут, камење и барикади од автомобилски гуми на неколку патни правци, во обид да го спречат пристигнувањето на српскиот патријарх Порфирије и митрополитот Јоаникије на Цетиње.

Со хеликоптерот српските свештени лица ги избегнаа демонстрантите а полициската интервенција ги исчисти протестите на автопатите. Демонстрантите ги запалија гумите на барикадите, но не успеаа да ја запрат интервенцијата на полицијаците.

Полицијата со солзавец и шок бомби ги разбрка и неколку стотиците демонстранти кои се обидоа да дојдат до манастирот во Цетиње. Во интервенцијата беа повредени повеќе демонстранти и најмалку 7 полицијаци, пренесуваат медиумите во Црна Гора. Уапсени се 14 луѓе а меѓу нив и советникот на претседателот на Црна Гора и поранешен директор на Полицијата, Веселин Вељовиќ. Тој е осомничен од владата во Подгорица дека организирал напад врз полицајците со што ги предизвикал судирите.

Главното барање на демонстрантите беше устоличувањето да не се одржи на Цетиње , но СПЦ не попушти.

Спорот е и политички, меѓу про-српската влада на актуелниот премиер, Кривокапиќ и црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ.

Денеска на Цетиње бевме сведоци на голем срам на Српската православна црква и владата на Црна Гора , оцени претседателот Мило Ѓукановиќ, додавајќи дека со злоупотреба на војската и полицијата и непримерната употреба на сила против мирните демонстранти, црногорската влада обезбедила насилна интронизација на митрополитот Јоаникије.

“Само човек без достоинство себеси би си дозволил, на таков начин, со хеликоптерски десант на црногорската престолнина и под заштита на панцирски ќебиња да биде воведен во Цетињскиот манастир и на тој начин да го осрамоти тронот на свети Петар Цетињски” – оцени Ѓукановиќ.

Настаните во Црна Гора будно се следат и во Белград, од каде српскиот претседател Александар Вучиќ, во едно часовното интервју на провладината телевизија Прва, ги отрфли обвинувањата на Ѓукановиќ за големо-српските амбиции во Црна Гора, тврдејќи дека само сакаат пријателски односи со својот сосед.

“Еве сега да му одговорам Г-дин Ѓукановиќ: Ниту ти, ниту кој било друг нема да успеете да ја покорите Србија и нема да ја покорувате како што тоа го правевте претходните 30 години. Владеевте со оваа земја на сите можни начини. Преку криминал, преку полициски функционери, политички функционери. Функционери во разузнавачките структури. Ние тие луѓе, кои работеа против Србија, во најголем дел ги исчистивме.Се уште ги има, но тоа се остатоците. Ги исчистивме и ќе продолжиме со тоа чистење” – оцени Вучиќ.

Устоличувањето на српскиот митрополит на Цетиње само ги потврди длабоките поделби во црногорското општество за односите со Србија и Српската православна црква.

Поделби кои се отсликуваат и во односите меѓу претседателот и  владата , кои имаат сосема поинаков став за тоа како тие треба да се развиваат.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Шишање на улица, запреа возови, во застој и метрото во Прага – голем дел од Чешка без струја

Дејан Дејан

Цените на храната во јуни највисоки во последните две години

Дејан Дејан

Мицкоски: Размислуваме да воведеме данок за немажени и неженети

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе