Вести Македонија Топ вести

Информатичар во ДИЦ фалсификувал резултати од државна матура

Анонимната пријава за злупотребата која ја сторил вработениот програмер во Државниот испитен центар стасала и до Антикорупциската комисија. Во неа било наведено дека информатичарот ги менувал резултатите од државната матура со цел остварување на лична корист.Членовите на Антикорупциска се обратиле до Јавното обвинителство од каде добиле информација дека тие веќе отвориле предмет за случајот, а од Секторот за компјутерски криминал при МВР добиле обемен доказен материјал по што се чека носење на одлука.

Директорката на Државниот испитен центар, Елизабета Наумовска не е информирана за случајот ниту пак била контактирана за какви било информации. Во врска со резултатите од државната матура до нив се обратиле од  една адвокатска канцеларија која не сакала да го каже името на клинетот повикувајќи се на тајност на личните податоци. Од испитниот центар барале информација за критериумите врз основа на кои се креирал прагот за оцена на положен испит.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови откритија на локалитетот Кале во Крупиште – целосно е дефинирана уникатната базилика со глаголички натпис

Tea Dimkovska

Чибишев: Суицидални се дури 95 отсто од случаите на труење на Токсикологија

Tea Dimkovska

Единаесет години жителите на Тетово чекаат општината да струши дивоградба

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе