Десетина денови Струмица е на врвот градови со голем број заразени со Ковид-19. Помеѓу четириесет и осумдесет нови случаи дневно бележат статистиките на Центарот за јавно здравје. Во моментов во градот има 560 активни случаи.
Високиот број заразени од Ковид-19 за многумина е резултат на тоа што цело лето немаше контрола на забави во дискотеките, свадбите, но и затоа што беше дозволен влез и излез во државата без никаква контрола. Граѓаните велат дека се свесни за високата бројка.
Според Министерството за здравство, високиот број заразени се должи на понискиот процент на вакцинирани граѓани. Во Струмица досега се вакцинирани околу 26% од возрасното население.
Сузана Мицева
