Центарот за јавно здравје Прилеп информира дека водата за пиење од градскиот водовод во Крушево е бактериолошки неисправна.
При контролата е утврдено отсуство на резидуален хлор и присуство на цревни бактерии.
На жителите им се препорачува за пиење да користат исклучиво пакувана вода.
Водата од градскиот водовод може да се користи за лична хигиена, подготовка на храна, перење и миење садови само по превривање најмалку 10 минути.
Препораката ќе важи до добивање на три последователни исправни примероци од водата.
Бактериолошка неисправност е утврдена и кај крајпатните чешми кај бензиската пумпа и Св. Петка, кои не смеат да се користат за пиење.
Граѓаните се снаоѓаат, велат во време на туристичка сезона ваквата состојба е тешка.
