Вести Македонија Топ вести

Поранешниот претседател на ФФМ, Сејдини пуштен од притвор

Со гаранција од над милион евра поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини излегува на слобода. Сејдини во април заврши во притвор и се гони во два случаи, за проневера и злоупотреба на околу 700.000 евра од УЕФА наменети за изградба на трибина на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид, како и за незаконски исплати на фирми од речиси 900.000 евра.

„Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на одбраната на осомничениот М.С., поранешен претседател на Фудбалската федерација на Македонија, донесе решение со кое ја прифати понудената гаранција во износ од над 1.150.000 евра, која се состои од засновање хипотека врз недвижен имот и ја укина мерката притвор“, изјавија од Кривичен суд.

Судот му го одзема пасошот на Сејдини акко мерка на претпазливост. Зад решетки заврши на 24 април поради опасност од бегство и опасност дека ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоци. За укинување на притворот со определување гаранција е добиено позитивно мислење и од Јавниот обвинител.

Минатиот месец неговиот претходник на функцијата Илчо Ѓоргиоски беше уапсен и се сомничи дека за време на неговиот мандат незаконски присвоени се два милиони евра. Шемата, според обвинителството продолжила и откако функцијата ја преземал Сејдини во 2019 година, како в.д претседател. Сејдни потоа беше избран за претседател на ФФМ на Изборното собрание во 2021 година. На чело на ФФМ беше до 2024 година, кога поднесе оставка по парламентарните избори.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО ДПМНЕ: Паниката и воајеризмот што СДС ги демонстрираше минатата година за време на пожарите, денес се префрлаат на темата со водоснабдувањето

Sonja Petrusevska

САД воведуваат нови царини за 60 од своите најголеми трговски партнери

Igor Trajkov

СДСМ: Орбановите автобуси победија на тендерот во Скопје

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе