„Сакав да се чуе гласот на жртвите, на преживеаните и на оние што ги спасувале унесреќените од дискотеката „Пулс“ во Кочани, вели режисерот Милчо Манчевски за неговиот прв долгометражен документарен филм „ Добри луѓе“. Неговата светска премиера ќе се одржи на 16 август , во официјалната програма на престојниот филмски фестивал во Сараево.
Филмот е реализиран низ минималистичка форма, а Манчевски го снимал со мала екипа и од сопствени средства, додека беше во судски спор со Агенцијата за филм поради пријавена и откриена корупција. Целиот приход од продадените билети од проекциите е наменет за настраданите во Кочани.
Доколку „ Добри луѓе“ ја освои наградата „ Срцето на Сараево“ за најдобар документарец, ќе влезе во трката за номинација за Оскар, бидејќи фестивалот во Сараево, кој што важи за најреномиран во Југоисточна Европа, лани од Американската филмска академија го доби статусот „ квалификациски филмски фестивал за Оскар“.
