Вести Македонија

Филипче: Гостивар е најдраматичниот доказ дека со Мицкоски здравството се распаѓа

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска оцени дека случајот со масовното труење во Гостивар е најсилниот доказ за системскиот распад на здравството под раководство на Владата на Христијан Мицкоски.

  • „Здравствениот систем во државата очигледно е во колапс. Ова што се случи во Гостивар не е само еден изолиран случај, станува збор за системски знаци на неефикасност и нефункционирање. Едноставно, здравствениот систем се распаѓа во држава под водство на Христијан Мицкоски и неговата екипа“, рече Филипче.

Тој нагласи дека трагичните случувања во Гостивар се последица на целосно нефункционален систем и неодговорно управување со институциите.

  • „Ова што се случи во Гостивар е само еден од показателите и најдраматичниот доказ за тоа колку системот е оштетен и лошо се менаџира од страна на оваа власт. Основната функција на здравствениот систем, а тоа е да го штити здравјето на граѓаните, очигледно е нарушена“, истакна Филипче.

Тој посочи дека распадот на здравствениот систем се гледа и во секојдневното функционирање на јавното здравство.

  • „Недостаток на лекови, одлагање на терапија поради недостиг на лекови на повеќе клиники, пациенти кои со месеци чекаат хируршка интервенција, операциони сали што не функционираат, несоодветен кадар кој ги раководи највисоките јавно-здравствени установи, недостиг од кадар, лоша опременост и хигиена – сето тоа прави сериозни проблеми во целокупниот здравствен систем“, рече Филипче.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО – ДПМНЕ: Филипче нема кредибилитет да зборува за здравството каде остави тотален колапс

Дејан Дејан

Старата чаршија пулсира во ритамот на музиката: Започна првото издание на Интернационалниот фестивал „Чаршија“

Дејан Дејан

Цената на нафтата надмина 100 долари

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе