Играниот филм „Нема да ви се верува што се случи претходно“, кој што е дебитантско остварување на режисерот Срѓан Јаниќијевиќ, ќе има светска премиера во официјалната натпреварувачка програма на Меѓународниот филмски фестивал во Олденбург- Германија.
Филмскиот фестивал во Олденбург ќе се одржи од 16 до 20 септември. Тој повеќе од три децении важи за една од најзначајните европски платформи за независна кинематографија. Во филмските кругови е познат како „Европскиот Санденс“, а магазинот The Hollywood Reporter го третира како водечки германски фестивал на независниот филм.
