Вести Македонија

Kолку е безбедна водата што ја користи Специјализираната болница за белодробни заболувања во село Лешок?

Дали и колку е безбедна водата што ја користи Специјализираната болница за белодробни заболувања во село Лешок? Ова е прашањето што денеска одново ја разбранува јавноста во врска со безбедноста на водата, откако лидерот на СДСМ, Венко Филипче, објави извештај во кој се констатира дека земените примероци од болницата во мај не одговараат на пропишаните услови за безбедност и квалитет на водата за пиење.

-Вкупен број на колиформни бактерии на 100мл вода 51. Во болницата во Лешок. На крајот на мај. Никој не реагирал. Официјални документи – Центар за јавно здравје Тетово, вели Венко Филипче, претседател на СДСМ

Во разговор за Телма тогашната директорка на болницата, која беше на таа функција до минатиот месец, тврди дека водата што ја добиваат се користи исклучиво како техничка и дека пациентите и персоналот не ја пијат таа вода. Тврди дека никогаш досега никој немал симптомаологија што би го докажала спротивното.

-Ние таков извештај немаме добиено. Меѓутоа, печатен е на 20 мај, а денеска сме 23 јули. Значи, после два месеци се објавуваат такви извештаи. Како здравствена установа ние требаше да бидеме известени за состојбата. Меѓутоа, како и да е, на сите места каде што постојат чешми за пиење имавме известување и сè уште има известување дека водата не е за пиење. Во болницата во Лешок не се користи водата за пиење, имаме поставено диспанзери за вода од каде што пациентите ја консумираат водата. Инаку, водоводната мрежа ја користи резервоарот за вода за целото месно население и освен болницата ја користи и месното население во Лешок, вели Верица Тофиловска, поранешна директорка на Специјализираната болница во Лешок.

Министерот за здравство, Сашо Клековски, се огради од случајот велејќи дека контролата на исправноста на водата е одговорност на Агенцијата за храна и ветеринарство, не е одговорност на Министерството за здравство, но порача дека сепак ќе ја провери исправноста на водата.

Мирјана Јовеска

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Филмот на Срѓан Јаниќијевиќ „ Нема да ви се верува што се случи претходно“ во натпреварувачката програма на фестивал во Германија

Дејан Дејан

Мицкоски: Очекуваме чиста вода за пиење во Гостивар до крајот на следната недела

Kristina Kuzmanovski

Мртов работник на Комуналец во воден канал, протести, сомнителни резултати – ќе има ли истрага

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе