Вести Македонија Најважни

Македонското знаме, конечно, во кабинетот на Ахмети – амбасадорите му сугерирале, тој прифатил

Македонското знаме, конечно, поставено во кабинетот на Али Ахмети во Мала Речица по 24 години од формирање на Демократската унија за интеграција (ДУИ), пренесува порталот „Тетова сот“.

Државното знаме, заедно со партиското на ДУИ, како и знамињата на Албанија и на ЕУ, можеше да се забележи во фотогалеријата на Фејсбук профилот на Ахмети од средбата со австрискиот амбасадор во Мала Речица.

Во изјава за „Тетова сот“, Ахмети рече дека истакнувањето на државното знаме никогаш не му претставувало проблем, за што му сугерирале и амбадорите во земјава. Таквиот потег, според него, е во согласност со верувањето дека државата им припаѓа на сите граѓани и дека државните симболи мора да се почитуваат.

„Отсекогаш сум бил за унитарна држава. Тоа беше и предлог на странските амбасадори во земјата. Ми беше предложено на средбите со нив, државното знаме на С. Македонија да биде поставено во мојата канцеларија“, изјави Ахмети за „Тетова сот“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд – Временска прогноза за 24.7.2026

meteo

Осум милиони денари штета на буџетот – Финансиска полиција поднесе кривична пријава против управител и правно лице за даночно затајување

Sasko Dimovski

Општините со милијарди денари ненаплатени даноци и такси

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе