Вести Македонија Топ вести

Двајца хоспитализирани, еден опериран – над 30 повредени од невремето во Скопје

Неколку повредени со скршеници завршиле на операции, а другите поминале со полесни повреди. Невремето, освен со материјални штети, резултираше и со над 30 повредени кои побарале лекарска помош во скопските болници. Од нив 11 на Клиниката за трауматологија, а 22 пациенти биле примени во градската болница.

„Од тие 22 пациенти, двајца се примени на болничко лекување, останатите се третирани поликлинички, со полесни повреди. Од оние двајца, еден пациент е веќе опериран во текот на ноќните саати со скршеница во пределот на шаката и има уште еден пациент кој што е странски државјанин, турист кој што е повреден при пад на дрво кој што е со повреди во делот на карлицата, но не бараше оперативен третман, по што значи дека се планира за конзервативен односно неоперативен третман“, изјави Небојша Настов, директор на градска општа болница „Свети Наум Охридски“.

На Одделот за трауматологија, од тие 11 лица кои побарале помош, тројца се здобиле со скршеници. Министерот за здравство Сашо Клековски информираше дека сите повредени се во стабилна состојба и добиле навремено медицинска помош.

Здравствените установи низ државата функционирале непречено и покрај последиците од невремето. Кај некои од нив е причинета и материјална штета.  Во ГОБ „8 Септември“ е оштетен дел од старата кровна конструкција. Паднати дрвја имало во кругот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, како и во Психијатриската болница во Бардовци. Клековски додаде дека оштетените објекти се осигурени и дека веќе се врши процена на штетата, по што истата ќе се санира.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Утврдено зголемено ниво на арсен во водата за пиење во Валандово – граѓаните да не ја користат за пиење

Sasko Dimovski

Подолго време е потребна претпазливост во Гостивар, не знаеме што сè има во фекалното загадување, советуваат инфектолозите

Sasko Dimovski

Почина филмската и музичка ѕвезда Оливера Катарина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе