Вести Македонија Најважни

Утврдено зголемено ниво на арсен во водата за пиење во Валандово – граѓаните да не ја користат за пиење

Водата од градскиот водовод во Валандово привремено не е безбедна за пиење, откако анализите извршени од Институтот за јавно здравје – Скопје покажале зголемено ниво на арсен. Од ЈП „Комунален сервис“ во Валандово информираат дека, согласно добиените резултати, се препорачува граѓаните до понатамошно известување да не ја користат водата од градскиот водовод за пиење. Водата може да се користи исклучиво како техничка вода.

Од јавното претпријатие посочуваат дека веќе се преземаат сите неопходни мерки за утврдување на состојбата и дека во соработка со надлежните институции се вршат дополнителни анализи и контроли на квалитетот на водата.

„За сите понатамошни резултати и препораки јавноста ќе биде навремено информирана“, наведуваат од ЈП „Комунален сервис“ Валандово.

Од претпријатието апелираат до граѓаните да ги почитуваат препораките и да не ја користат водата за пиење, сѐ додека не биде издадено официјално соопштение дека таа е исправна и безбедна за употреба.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Подолго време е потребна претпазливост во Гостивар, не знаеме што сè има во фекалното загадување, советуваат инфектолозите

Sasko Dimovski

Почина филмската и музичка ѕвезда Оливера Катарина

Дејан Дејан

ЈП „Паркови и зеленило“ не исплаќа оштета за ветер посилен од 60км/ч – како се наплатува осигурување за оштетени автомобили во невремето

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе