Силното невреме кое вчера го погоди Скопје според класификацијата за јачина на ветар е оркан – ураган кој бил со јачина од 130 километри на час. Максималната брзина на ветрот е измерена во Штип во 17 часот, каде дувал оркан со јачина од 134 километри на час со правец запад – северозапад. Како што појаснуваат од УХМР оркан – ураган е екстремно силен ветер кој на оваа територија се случува многу ретко и предизвикува силни разорувања и големи штети.
Ветер со јачина исто од 130 километри е регистриран и во Ново Село во Струмица. Во скопско во 1990-та, имало силен ветер со брзина од 147 километри на час. Во февруари 1990-тата, УХМР регистрирал ветар во главниот град со оваа рекордна брзина и до вчера, повеќе од 36 години немало толку силни удари на ветер во Скопје.
Максимална брзина на ветер во Македонија била измерена во Штип во јули 2012-та година кога „дувало“ со 155 километри на час, ни одговорија од УХМР.
