Вести Свет

(Видео) Земјотрес Мексико: Се нишаат згради и рафтови во продавници, жителите во страв ги напуштаат домовите

По силениот земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтеровата скала кој го погоди брегот на мексиканската сојузна држава Чијапас, издадено е предупредување за можни цунами-бранови. Видео се објавуваат на социјалните мрежи кои ја покажуваат силината на земјотресот. Се нишаат згради и  рафтови во продавници, граѓани со страв излезени од своите домови ја следат состојбата.

Иако станува збор за плиток земјотрес, кој може да предизвика посилни потреси на површината и свлечишта, засега нема информации за загинати или за поголема материјална штета.

Гувернерот на мексиканската држава Оахака, Саломон Хара, соопшти дека земјотресот бил почувствуван и во главниот град на државата, но дека нема повредени.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Регистрирани 12 пожари во Македонија, активен е само еден

Kristina Kuzmanovski

Жител на Курбиново заврши на интензивно лекување по напад од мечкa

Kristina Kuzmanovski

Кумановци стравуваат од кражби, МВР вели се повеќе случаи се решаваат

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе