Вести Македонија

Жител на Курбиново заврши на интензивно лекување по напад од мечкa

Четириесет и едногодишен жител на преспанското  село Курбиново е хоспитализиран на Одделението за интензивно лекување во Клиничката болница во  Битола, откако вчера бил нападнат од мечка.

-Пациентот има повреди на лицето, постапено е по протокол, раните се обработени, засега е на кислородна маска.  Хоспитализран е на одделението за интензивно лекување, соопштија од болницата.

Како што информираа од битолската полиција, случајот бил пријавен синоќа околу 20 часот. Н.И. (41) од селото Курбиново бил нападнат од мечка додека собирал печурки.

Е.М.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Регистрирани 12 пожари во Македонија, активен е само еден

Kristina Kuzmanovski

Кумановци стравуваат од кражби, МВР вели се повеќе случаи се решаваат

Kristina Kuzmanovski

Турција прави мрежа од специјализирани клиники за одвикнување на младите од пушење

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе