Силен земјотрес го погоди брегот на мексиканската сојузна држава Чиапас по што е издадено предупредување за цунами. Според Геолошкиот институт на на САД, земјотресот бил со магнитуда од 7,3 степени и на длабочина од само 10 километри.
Епицентарот на земјотресот е регистриран во близина на Пуерто Мадера, рибарско гратче и важно пристаниште во Пацификот што е оддалечено 13-тина километри од границата со Гватемала.
Земјотресот се почувствува и во главниот град на Гватемала, Гватемала Сити, а дел од жителите ги напуштија своите домови и истрчаа на улица, јавува „Ројтерс“.
