Вести Македонија

Кумановци стравуваат од кражби, МВР вели се повеќе случаи се решаваат

Раздвижено е низ Куманово, особено на градските пазарчиња и прометните улици каде секојдневно минуваат стотици граѓани. Додека едни безгрижно ги завршуваат обврските, други велат дека внимателно ги чуваат личните работи, бидејќи стравуваат од кражби.

Дел од граѓаните лично биле жртви на кражба и велат дека сторителите не биле откриени, додека други не слушнале за вакви случаи во нивната околина.

Сигурно има кражби според тоа во какво време живееме. Само тука е потребно институциите да преземат мерки за тие случаи. Мене еднаш ми имаат украдено некои работи кои ми беа заборавени во маркет и никој ништо не презема“

-Ми украдоа мотор од подрум. Пријавив и во полиција, ама не се откри крадецот“

-Може само да слушнеме дека е сторена кражба, ама тоа да го видиме тешко“

-Стравувам. Нормално дека секогаш постои страв, ама ете гледам да се заштитам колку можам бидејќи носам со себе некои документи, ама и избегнувам да носам повеќе пари или нешто друго вредно“

-Не знам дали има кражби, навистина не знам“

-Не сум слушнал такво нешто. Не знам. Досега немало такви работи, а во иднина дали ќе се случат не знам, велат граѓаните.

Според податоците на Секторот за внатрешни работи Куманово, бројот на кражби во изминатите години се намалува. Најмногу кражби биле регистрирани во 2020 и 2022 година – по 193 случаи, додека во 2025 година бројката се намалила на 146.

Кај тешките кражби, најмногу случаи имало во 2023 година.

Според МВР се повеќе од случаите се решаваат.

Во првите шест месеци од годинава, во Куманово се евидентирани 42 кражби и 88 тешки кражби. Од нив, полицијата расветлила 71,4 проценти од кражбите и 51,1 процент од тешките кражби, што е највисока успешност во споредба со истиот период во претходните години.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Турција прави мрежа од специјализирани клиники за одвикнување на младите од пушење

Sasko Dimovski

Магнитуда од 7,3 степени на длабочина од 10 километри – силен земјотрес го погоди Мексико, издадено предупредување за цунами

Sasko Dimovski

Савески тврди дека „Талир 2“ ќе останел кај Ристоска ако не си дала оставка – таа одговори дека тоа не е точно

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе