Вести Свет

(Видео) Свлечиште затрупа згради во Кина, луѓе заробени под урнатините

Свлечиште во округот Пенгшуј, во југозападна Кина,  затрупа непознат број луѓе и урна неколку станбени згради во подножјето на еден рид, објавија државните медиуми, објави Ројтерс .

Според информациите од државната телевизија CCTV, локален работник забележал дека камењата паѓаат околу 8:00 часот наутро и веднаш издал предупредување. Потоа властите наредиле евакуација на повеќе од 60 жители.
Сепак, лизгањето на земјиштето започнало во 9:08 часот, точно за време на евакуацијата, и затрупало дел од луѓето.

Министерството за управување со вонредни состојби на Кина го активираше второто ниво на подготвеност.

Причината за свлечиштето сè уште не е позната. Снимките од воздух објавени од CCTV покажуваат камења и остатоци како паѓаат врз група станбени згради покрај реката.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кризната состојба за нафтата продолжена за уште три месеци пораид ризици ризици во снабдувањето

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 18.7.2026

meteo

Кризната состојба за нафта и нафтени деривати се продолжува до 20 октомври, одлучи Владата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе