Вести Македонија Топ вести

Косовски државјанин се обидел да пренесе килограм марихуана – во спат повредил цариник при што бил приведен

Косовски државјанин е лишен од слобода откако на граничниот премин Блаце се обидел насилно да ја премине граничната линија за да избега од царинска контрола, при што криумчарел околу еден килограм марихуана и го довел во опасност животот на царински службеник.

Од Царинската управа информираат дека против лицето Р.Е. е поднесена кривична пријава поради основано сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.

Инцидентот се случил на 15-ти јули во вечерните часови, кога двајца царински службеници го запреле возилото за детална контрола. Откако еден од службениците забележал сомнителна кеса под совозачкото седиште и се обидел да ја провери, осомничениот влегол во автомобилот и со сила тргнал да бега, повлекувајќи го цариникот кој се обидел да го спречи. Веднаш била известена Граничната полиција, која заедно со царинските службеници, по десетминутна потера, му го пресекла патот на возилото, по што осомничениот бил приведен.

За време на бегството, тој ја фрлил кесата со дрога, која подоцна била пронајдена во близина на местото на приведувањето. По наредба на јавен обвинител, извршено е вештачење, при што било утврдено дека станува збор за околу еден килограм марихуана. При претресот кај осомничениот било пронајдено и ладно оружје.

Случајот го презело Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги на Царинската управа, кое по спроведените истражни дејствија поднело кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мавровското Езеро порибено со 460 килограми крап во пресрет на Светското првенство во спортски риболов

Tea Dimkovska

Скопјанка се сомничи дека како претседателка на Комисијата за одгледување канабис не спроведувала контроли кај правно лице од Свети Николе

Tea Dimkovska

Парализиран маж по три години повторно почувствува допир

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе