Вести Свет

Парализиран маж по три години повторно почувствува допир

Маж кој останал целосно парализиран по несреќа при нуркање добил трајно чувство за допир и делумно ја вратил подвижноста благодарение на двојна неврална бајпас-операција. Кит Томас од Њујорк, кој три години по несреќата бил вклучен во клиничко истражување на Институтот „Фајнштајн“ за медицински истражувања.

Во неговиот мозок биле вградени пет импланти кои преку компјутер испраќаат и примаат сигнали. Системот овозможува да се читаат мозочните сигнали поврзани со движењето и истовремено да се стимулира делот од мозокот задолжен за чувството на допир, како и ‘рбетниот мозок.

Според истражувачите, Томас успеал да ги движи раката и прстите, да држи чаша и да фаќа чувствителни предмети, а дел од подобрувањата останале и повеќе од две години откако уредот престанал да се користи. Главниот истражувач Чед Баутон вели дека ова е првпат ваков систем да обезбеди не само моментално подобрување, туку и долготрајно враќање на движењето и чувството за допир.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мавровското Езеро порибено со 460 килограми крап во пресрет на Светското првенство во спортски риболов

Tea Dimkovska

Скопјанка се сомничи дека како претседателка на Комисијата за одгледување канабис не спроведувала контроли кај правно лице од Свети Николе

Tea Dimkovska

Британија го зголемува военото присуство во Естонија

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе