Најверојатно од понеделник повторно ќе се намалат акцизите за горивата. Новите тензии помеѓу Иран и САД одново создадоа притисок врз светските пазари и цените. Коментирајќи ги ваквите случувања премиерот Мицкоски смета дека веќе има услови од идната недела акцизата за бензините и дизелот повторно да се спушти, но пред да се одлучува ќе чека да види како ќе затворат берзите во петок, по што ќе се направи анализа за 15 дена.
Со ова практично се очекува да се продолжи и кризната состојба на пазарот со нафта и нафтени деривати која истекува токму во понеделник. Иако, се уште е во тек во моментов нема активни мерки.
Домашните експерти пак сметаат дека треба да има пролонгирање на состојбата, но да се внимава со какви мерки ќе се делува на ценовниот притисок, затоа што домашниот буџет не е во најдобра состојба и н еби можел да издржи голем товар. Предлагаат првично да се делува со таргетирана поддршка поддршка за најпогодените сектори како транспортот, земјоделието, а потоа ако се продлабочи кризата да се делува со пониска акциза и ДДВ.
Новото разгорување на воениот конфликт за само неколку дена ја зголеми цената на БРЕНТ нафтата на светските берзи и тоа за повеќе од 10 отсто. Таа е еден од клучните параметрите кои се користат при пресметка на цените на горивата во земјата.
Во моментов на берзите се тргува по максимален износ од нешто над 84 долари за барел.
Со последната одлука на Регулаторната комисија, дизелот поскапи за 5, 5 денари за литар, а бензините за денар и половина. И пред една недела имаше имаше нагорна корекција на цените на горивата.
Претходно освен акцизата, од 18 на 10 отсто се намали и ДДВ то за горивата, а ОКТА неколку пати даде попуст.
Ирена Чачкова
