Поранешниот шеф на унгарската дипломатија, Петер Сијарто денеска објави дека поднел оставка од функцијата пратеник, откако прифатил понуда за меѓународна позиција во една од водечките светски компании, BYD.
Сијарто рече дека е „исклучително почестен што му е понудена“ меѓународна позиција во BYD, еден од најголемите светски производители на автомобили и водечки производител на електрични возила.
„Од денес, ќе продолжам да работам во групата како менаџер задолжен за надворешните односи на компанијата и развојот на нови деловни области“, напиша Сијарто на Фејсбук.
Кинеската мултинационална високотехнолошка компанија BYD, со седиште во Шенжен, бележи силен раст во последните години и е еден од глобалните лидери во производството на возила со нова енергија (NEV), што вклучува целосно електрични автомобили (BEV) и хибридни возила (PHEV).
