Uncategorized

Бугарија има најмногу болнички кревети на 100 000 жители – 870, каква е состојбата во Македонија?

507 болнички кревети на 100 000 луѓе имало во ЕУ , покажуваат податоците на Евростат.

Ова е мало намалување во споредба со 2023 кога биле 511, а се започнало во 2009 година кога имало 582 болнички кревети на 100 000 луѓе, ова се смета дека е како резултат на влијанието на научниот и технолошкиот развој што го скрати просечното времетраење на престојот за многу болнички процедури или ги замени со амбулантски или дневен третман.

Податоците покажуваат дека Бугарија има најмногу болнички кревети на 100 000 жители – 870, а по неа се Германија со 759, Романија со 731, Австрија со 655 и Чешка со 639.

Шест земји од ЕУ имаат помалку од 300 болнички кревети на 100 000 луѓе: Шведска (187), Холандија (221), Данска (226), Финска (248), Шпанија (283) и Ирска (293).

Во однос на креветите во установите за долготрајна нега, најмногу имаат Холандија (1 390), Шведска (1 298) и Белгија (1 249).

Грција со 20 и Бугарија со 26 кревети за долготрајна нега на 100 000 луѓе се на дното на листата земји на ЕУ.

Евростат за  Македонија има податок за  2021 година, односно 449 болнички кревети на 100 000 жители, а 51 за долготрајна нега. Според бројот на болнички кревети, Македонија е пред 14 земји членки на ЕУ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кина во јуни ја проби границата од еден милион извезени автомобили месечно

Sasko Dimovski

Нема контаминација во ДНК на судијата Ѓоко Ристов, сведочеше вештак од МВР

Sasko Dimovski

(живо)Нема контаминација на алуминиумските фолии во кои беа завиткани еврата на апелациониот судија Ристов, тврди вештакот на МВР

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе