Еден час гори пожарот во атарот на с. Бајково, општина Ново Село, на падините на планината Огражден.
Поради зголемена опасност од ширење на пожарот и опасност по црквата Св. Петар и Павле, во секој момент ќе полетаат два ер трактори на ДЗС – најави Стојанче Ангелов од Дирекцијата за заштита и спасување.
Пожарот изби во 16:30 часот а го гаснат струмичките пожарникари и доброволците од ДПД Рис, како и неколку граѓани кои помагаат во заштита на црквата.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
