Кинескиот извоз на автомобили во јуни за првпат надмина милион возила што претставува нов рекорд. Вкупниот меѓугодишен извоз на земјата, пак, порасна за 27 отсто и дополнително го зголеми трговскиот суфицит на Кина со остатокот на светот, покажуваат објавените податоци на Царинската управа на Кина.
Растот на извозот на електрични и хибридни возила дополнително го зголемува притисокот врз европската автомобилска индустрија, пренесува „Гардијан“.
Според анализата на Институтот Мерикс од Берлин, Кина во првата половина на 2026 година остварила суфицит во трговијата со стоки со Европската Унија од 1,225 милијарди јуани или приближно 160 милијарди евра, што значи дека просечниот дневен трговски суфицит изнесува дури 900 милиони евра.
