Многу работи се прават зад радарот за да се најде решени и Македонија да ги почне преговорите со ЕУ. Ова го изјави евроамбасадорот во земјава, Михалис Рокас, како коментар на изјавата на премиерот Хрстијан Мицкоски дека владата е подготвена на решенија и на конструктивен дијалог, за да се надмине блокадата во евроинтеграциите, но оти безусловни отстапки нема да се правата и македонскиот идентитет мора да биде заштитен.
„Јас навистина се надевам дека работите ќе можат да се придвижат напред. Јас мислам дека веќе многу работа се прави зад радарот, која што не се гледа, се со цел да може да се завршат работите. Јас реков, се надевам дека решени ќе може да се најде наскоро коешто ќе го отвори патот за започнување на преговори со ЕУ“, изјави Рокас.
Рокас испрати и порака до Македонија во контекст на денешниот „супер вторник“ кој се случува во ЕУ, односно денот кога во Брисел се одржуваат четири меѓувладини конференции за пристапување, со Црна Гора, Албанија, Украина и со Молдавија. Пораката од Рокас за Македонија е јасна, тој се надева дека Македонија наскоро ќе може да го следи тој пат и дека ќе може да го зграпчи тој момент за да ги почне пристапните преговори.
„Пораката е многу јасна, процесот на прошриуавње на ЕУ всушност е инвестиција во безбедноста, во сигурноста, во просперитетот, како и конкурентноста на ЕУ. Како што гледате тој процес веќе оди многу брзо, имаме притиснато на гас, веќе има четири земји со коишто процесот на проширување оди многу брзо. Ние искрено се надеваме дека и Република Северна Македонија ќе може наскоро да го следи тој пат, со цел да може да ги отвори пристапните преговори со ЕУ“, посочи Рокас.
Пораката на Рокас дека се работи под радарот и дека земјава треба да ја зграпчи можноста за да ги почне преговорите, доаѓа на само една недела по посетата на еврокомесарката, Марта Кос, која рече дека неопходен следен чекор за формално започнување на пристапните преговори се уставните измени, но и дека проширувањето на ЕУ не е изградено врз гаранции коишто им се даваат на земјите-кандидати однапред.
Тамара Грнчароска
