Педесет и двегодишен работник од Куманово загинал при изведување на градежни работи на објект во изградба во скопска населба во општината Гази Баба, соопшти министерството за внатрешни работи.
Несреќата била пријавена вчера околу 14 часот, кога работникот паднал од височина додека работел на градилиштетото. Лекар од Итната медицинска помош ја констатирал смртта на местото на настанот. На градилиштето дошле полициски службеници, а за случајот бил известен и Трудовиот инспекторат.
Во април, годинава еден работник загина, а четворица беа повредени откако врз нив се урна едната страна од ископот на темели за зграда и ги затрупа со земја, во населбата Расадник во Општината Кисела Вода.
Еден работник загина, а четворица се повредени при изградба на зграда во Скопје
